НЕ ПАРКИРАЈТЕ ПОД ДРВЈА! Апел од Паркови и зеленило поради силниот ветер

0

ЈП Паркови и зеленило апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја по најавите за силен ветер од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, нѐ очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, како и засилен ветер од северен правец во попладневните часови.






– Апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици. Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од временските непогоди, ве молиме веднаш да пријавите на телефонскиот број за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“ – велат од претпријатието.

Оттаму апелираат до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да бидат внимателни и да се грижат за сопствената безбедност.

Поврзани содржини