📷ЕСЕНСКО РАЗУБАВУВАЊЕ НА СКОПЈЕ Сезонско цвеќе во парковите и долж булеварите

Уредени се цветните леи во Градскиот парк, паркот Македонија, долж булеварите Партизански одреди, Јане Сандански и Александар Македонски, како и во Реонскиот центар Аеродром, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

1

Скопје добива нов есенски изглед преку акцијата за хортикултурно уредување што ја реализира ЈП „Паркови и зеленило“, со засадување сезонски цветен расад на повеќе локации низ градот.

Градоначалникот на  Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук, информира дека денеска се уредени цветните леи во Градскиот парк, паркот Македонија, долж булеварите Партизански одреди, Јане Сандански и Александар Македонски, како и во Реонскиот центар Аеродром.






Ново цветно руво добија и препознатливите цветни фигури „Штрк“ во Аеродром и „Торта“ во Чаир, кои се освежени со сезонско цвеќе миозотис и хризантеми.

„И во есенските денови Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие. Грижата за парковите и јавните простори е резултат на секојдневната работа на вработените во јавното претпријатие. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец“, објави градоначалникот.

Тој упати апел за заедничка грижа за јавните површини.

„Да го чуваме она што го разубавуваме“, порача градоначалникот на Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини