📽️ ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА РАДУША Водата од Рашче е безбедна, депонијата е на десетици километри од заштитената зона
Депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот 'Рашче' и не претставува основа за тврдењата што се ширеа во јавноста. Но, кога станува збор за здравјето, сигурноста и спокојството на граѓаните, за нас нема 'туѓа надлежност'. Иако чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје, денес сме на терен и ја чистиме, пишува градоначалникот на Скопје.
„Денес, во голема и координирана акција, се отстранува површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша, локација околу која изминативе денови се создаде непотребна паника и се пласираа тврдења дека наводно е загрозена водата од изворот Рашче“.
Вака изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објавувајќи снимка од работите.
„Уште еднаш јасно да потенцирам: Депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот ‘Рашче’ и не претставува основа за тврдењата што се ширеа во јавноста. Но, кога станува збор за здравјето, сигурноста и спокојството на граѓаните, за нас нема ‘туѓа надлежност’. Иако чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје, денес сме на терен и ја чистиме“, пишува градоначалникот.
Истовремено, сакам уште еднаш да бидам целосно јасен: водата во Скопје е безбедна за пиење! Секојдневно се вршат детални анализи во една од најсовремените лаборатории со која располага ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Резултатите се јасни и нема простор за паника, шпекулации или ширење страв меѓу граѓаните.
Оние случаи кои во текот на вчерашниот и денешниот ден создадоа вознемиреност и паника меѓу скопјани, веќе разговараат со надлежните органи. Скопје е безбедно и така ќе остане. Никогаш нема да дозволиме неодговорност, негрижа или нечии манипулации да го загрозат здравјето и безбедноста на нашите сограѓани.
Ќе реагираме секогаш, навреме и одговорно. Затоа што кога станува збор за Скопје и за луѓето кои живеат во него, нема компромиси. Скопје го чуваме. Скопје го штитиме. Заедно!