НЕ ФРЛАЈТЕ ПЕЛЕНИ И ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ВО ТОАЛЕТИТЕ! „Водовод“ со апел до скопјани поради затнување на канализацијата

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје секојдневно отстрануваат влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки и друг отпад од канализациската мрежа. Од претпријатието предупредуваат дека ваквата практика го попречува протокот и предизвикува затнувања и дефекти.

1

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, јамболии и друг несоодветен отпад секојдневно завршуваат во скопската канализациска мрежа, поради што екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постојано интервенираат за да ги отстранат насобраните материјали и да спречат затнување на цевките и шахтите.

Од претпријатието предупредуваат дека фрлањето ваков отпад во канализацијата го попречува протокот и го нарушува нормалното функционирање на системот. Затоа упатуваат апел до граѓаните да не ги користат канализациските шахти како места за одлагање отпад.






„Не фрлајте отпад во канализациските шахти! Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и останатиот отпад одлагајте ги во корпите за отпадоци“, порачуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Оттаму посочуваат дека зачувувањето на канализациската мрежа е заедничка одговорност и дека со правилно одлагање на отпадот може да се спречат затнувања и дефекти, а системот да функционира непречено.

Поврзани содржини