ЕКСПЛОДИРАЛ БОЈЛЕР ВО СТАН ВО АЕРОДРОМ, ЗА СРЕЌА НЕМА ПОВРЕДЕНИ Инцидентот бил пријавен рано утринава

Инцидентот бил пријавен во полиција во 4.50 часот. Бојлерот се запалил во тоалетот на станот, а полициски службеници излегле на местото на настанот.

0

Нема повредени лица откако се запалил бојлер во тоалет на стан во скопската општина Аеродром , а потоа предизвикал и експлозија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 4.50 часот.






По пријавата, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и извршиле увид.

Засега нема информации за причините поради кои дошло до опожарувањето и експлозијата, ниту за евентуална материјална штета.

Поврзани содржини