НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ НА БИТ ПАЗАР Гореа три приватни куќи
Материјалната штета и причините за избувнување на пожарот се уште не се утврдени – се вели во соопштението на ЦУК.
Нема повредени во синоќешниот пожар на Бит пазар, кој беше изгаснат од 23 пожарникари и 7 противпожарни возила, информира Центарот за управување со кризи.
Со пожарот, кој настанал во 17.20 часот, а бил угаснат во 20.20, биле зафатени три објекти (куќи) на Бит Пазар, на улицата Никола Мартиновски бр.33. Материјалната штета засега не е утврдена и нема повредени лица, информира Центарот.
Причините за пожарот се утврдуваат. На местото на настанот и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар – се додава во соопштението на ЦУК.