НАЈДЕНИ 40 ТОНИ РАСИПАНА И ОТРОВНА ХРАНА ВО МАГАЦИН Казна од 18.000 евра за дистрибутерот кој лажел дека ја уништил

Пратките биле складирани кај дистрибутер кој имал законска обврска да ги уништи, но наместо тоа, добил фиктивна потврда од овластена депонија. Ова претставува сериозен криминал кој директно ја загрозува безбедноста на храната“, велат од АХВ.

2,203

Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со полицијата, извршија вонреден инспекциски надзор во див магацин во скопската населба Маџари, каде нелегално се складирала храна. При контролата, биле пронајдени 40.751 килограм небезбедни производи, меѓу кои сувомеснати и кондиторски артикли, кои веднаш биле уништени.

Дополнително, полицијата запленила комбе во кое биле откриени уште 360 килограми небезбедна храна. По детална анализа, утврдено е дека дел од увезените сувомесни производи содржеле зголемено количество на фосфати, што претставува сериозен ризик за здравјето на потрошувачите.






„Пратките биле складирани кај дистрибутер кој имал законска обврска да ги уништи, но наместо тоа, добил фиктивна потврда од овластена депонија. Ова претставува сериозен криминал кој директно ја загрозува безбедноста на храната“, велат од АХВ.

За прекршувањето, на операторот со храна му е изречена казна од 18.000 евра, додека одговорното лице е казнето со 1.500 евра. АХВ продолжува со засилени контроли за да спречи вакви злоупотреби и да ја заштити безбедноста на граѓаните.

Поврзани содржини