МУ СЕ СЛОШИЛО ПРЕД НАСТАП Карлос Сантана итно префрлен во болница

Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.

53

На легендарниот музичар Карлос Сантана му се слошило пред настап во Тексас и итно бил префрлен во болница поради дехидрација, јавува „Си-Ен-Ен“.

Мајкл Врионис, претседател на „Јуниверзал саунд Менаџмент“ и претставник на Сантана, ја информираше својата публика во изјава за магазинот „Пипл“ дека со длабоко разочарување мора да соопшти оти шоуто во Сан Антонио е одложено.






Тој изјавил дека Сантана бил во театарот „Маџестик“ и се подготвувал за настапот кога доживеал инцидент за кој подоцна било утврдено дека е дехидрација.

– Како мерка на претпазливост и за здравјето на Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најразумниот потег – истакна тој.

Врионис додаде дека на музичарот му оди добро и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио и да ја продолжи турнејата во САД.

Поврзани содржини