МИСЛЕВ ЌЕ МЕ ОСЛОБОДАТ, ПА ДА СЕ ПОЧАСТИМЕ Јакимовски тврди дека против него се води хајка

Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна, изјави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

979

„Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако денеска беше осуден на 3 ипол години затвор поради тоа што градел без дозвола.

Јакимовски е убеден дека против него се води хајка.






– Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами – рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.

Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.

– Сто отсто аргументите се на моја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3 ипол години – рече Јакимовски

Пресудата не е правосилна и Јакимовски рече дека ќе се жали на ваква казна од политички причини а дека тој нема никаква вина.

СТЕВЧО ЈАKИМОВСКИ ОСУДЕН НА 3,5 ГОДИНИ ЗАТВОР Без дозвола изградил општинска зграда, судот му ја одзеде

Поврзани содржини