КОНЕЧНИОТ СУД ЗА ОВК ЌЕ ГО ДАДЕ ИСТОРИЈАТА Битиќи за пресудата на Хашкиот суд

Ова не е пресуда на народот на Косово за неговата борба за слобода – напиша поранешниот министер.

0

Поранешниот министер од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи во пост на Фејсбук, коментирајќи ја пресудата за водачите на ОВК, напиша дека крајната оценка за нивната борба ќе ја даде историјата.

„Денешната одлука во Хаг е судска одлука и како таква ќе биде предмет на правна оценка и на правото на жалба.






Но, ниту една судска одлука не може да ја напише историјата на еден народ, ниту да го поништи ослободителниот карактер на неговата војна и жртвата на една цела генерација.

Ова не е пресуда на народот на Косово за неговата борба за слобода. Конечниот суд за таа историја му припаѓа на самото Косово и на генерациите што ја живееле и ја наследуваат“ – напша Битиќи.

Поврзани содржини