„МИРЧЕВСКИ СЀ УШТЕ Е НА ПАРТИСКА ФУНКЦИЈА ВО СДСМ“ Партијата ВМРО-ДПМНЕ бара од Филипче итно да го разреши поранешниот директор на СОЗР
Доколку (претседателот на партијата СДСМ) Венко Филипче не го разреши својот другар (Пеце) Мирчевски, кој има сторено низа криминални дела, и не се дистанцира од Мирчевски и нему сличните од кланот на Заев, СДСМ само ќе продолжи да тоне сѐ подлабоко во политичкото мочуриште, се наведува во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ е партија која е криминално мочуриште. СДСМ е партија каде што нејзините функционери, додека биле на власт, наместо за државата и за интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и за профит на блиски лица до врхушката на СДС. Со секој нов ден на површина испливува целата лукративнист, аздисаност, криминал и корупција од мрежата на функционерите од СДСМ“.
Ова се вели во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Кадарот на СДСМ, Пеце Мирчевски, кој е фатен во криминал и со проневера на државни пари наместо за интерес на Службата и Владата работел за свој личен профит. Пеце Мирчевски, кој како функционер ја крадел државата, сѐ уште е на партиска функција во СДСМ според партиската веб-страница. Мирчевски, кој крадел и злоупотребил народни пари, е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање. Доколку Филипче не го разреши својот другар Мирчевски, кој има сторено низа криминални дела, и не се дистанцира од Мирчевски и нему сличните од кланот на Заев, СДСМ само ќе продолжи да тоне сѐ подлабоко во политичкото мочуриште“, се додава во соопштението на партијата.
СДСМ И ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ СЕ ФАТЕНИ ВО КРИМИНАЛ Ги користеле институциите за лично богатење