УАПСЕН Е ПЕЦО МИРЧЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА СОЗР Полицијата врши претреси во неговиот дом
Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.
Финансиската полиција утрово го привела ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пецо Мирчевски, објави Сител, повикувајќи се на свои извори.
Според последните информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.
„Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, информираше Јавното обвинителство.