МИЦКОСКИ НАЈАВИ ТРЕТ ПОВИК ЗА ОПШТИНСКИ ПРОЕКТИ Општините имаат потреба од нови зафати

184

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се размислува за трет повик за проекти за општините по денешната посета на општина Илинден, каде изврши увид во градежните активности на нов стадион, инфраструктурните проекти и патнате инфраструктура.

– Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам следната година да ја заокружиме со проектите од првиот и од вториот повик и веќе да размислуваме за третиот повик што мислам дека ќе биде потребен. Во меѓувреме општините подготвуваат нови проекти, што е добро, така што јас само можам да им честитам на градоначалниците во случајов, да му честитам на градоначалникот на Општина Илинден, кој прави импресивни работи овде – рече Мицкоски.






Тој се заблагодари и на пратеничката што доаѓа од Општина Илинден и за којашто рече дека ја поддржува секоја иницијатива за проект во оваа општина.

 

Поврзани содржини