ФИЛИПЧЕ, КАДЕ ТИ СЕ АНКЕТИТЕ ВО КОИ РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА СДСМ? Нели ги вети пред изборниот дебакл во Брвеница

Поддршката на Венко Филипче во СДСМ е на незавидно ниво - кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ, му даваме целосна поддршка – рече Манасиевски.

0

Каде му се анкетите на Венко Филипче, што рече дека ќе ги бзнани во јавноста уште пред две недели? Каде се тие негови анкети во кои СДСМ има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие – праша Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

– Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко Филипче изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДСММ имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите – рече Манасиевски..






Тој го повика лидерот на СДСМ да ги објави анкетите кои ги најави пред изборите во Брвеница и праша дали тие анкети се направени во штабот на СДСМ.

– Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДСМ беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДСМ е на незавидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ, му даваме целосна поддршка – рече Манасиевски.

Портпаролот Манасиевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДСМ полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија.

– Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл – рече Манасиевски.

Поврзани содржини