СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ПОГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА Мицкоски најави и намалување на ДДВ-то, ако има потреба
Премиерот нагласи дека нафтата е берзански производ што сите држави го набавуваат под исти услови, но оцени дека Македонија има најниски цени на дизелот и безоловниот бензин во регионот, а, како што рече, и меѓу најниските во Европа.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата може да интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но како што рече, тоа ќе се направи дури по анализата на податоците од намалената акциза за горивата.
– Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки – рече Мицкоски.
Тој рече дека очекува следната недела да се намалат цените на горивата, посочувајќи дека пресметките ќе се направат по завршувањето на анализата на двонеделниот период.
-Добро е што веќе два дена по ред цената на нафтата паѓа. Денеска се стабилизира некаде меѓу 85 и 86 долари за барел, па очекувам следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините – рече Мицкоски.
Тој нагласи дека нафтата е берзански производ што сите држави го набавуваат под исти услови, но оцени дека Македонија има најниски цени на дизелот и безоловниот бензин во регионот, а, како што рече, и меѓу најниските во Европа.