📷 МАДОНА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД РОДЕНДЕНСКАТА ПРОСЛАВА НА СИНОТ ВО ПОМПЕЈА Младото момче на пејачката привлече најголемо внимание

Американската поп икона Мадона објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира со своите шест деца на прославата на 24-от роденден на нејзиниот син Роко.

391

Американската поп икона Мадона објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира со своите шест деца на прославата на 24-от роденден на нејзиниот син Роко.

Поп иконата неодамна го прослави својот 66-ти роденден во близина на Помпеја, а сега откри дека и роденденот на својот син го прославила во Италија.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Мадона позираше со синот покрај огромната торта со натпис „Среќен роденден, Роко“, а на прославата се приклучи и нејзиното ново момче, фудбалерот Аким Морис. Пејачката и фудбалерот позираа во бели комбинации, а на една фотографија Морис ја држи за рака.

Да потсетиме, Мадона и Аким се познаваат веќе некое време. Неколку месеци по раскинувањето со партнерот, кој беше 35 години помлад од неа, таа се вљуби во 28-годишниот Аким, а парот беше забележан во Портофино, Италија.

Поврзани содржини