„Луј Витон“ чантите на најбогатите луѓе се празнат поради корона-кризата на берзите

Според пресметките на „Блумберг“, 500-те најбогати луѓе на светот вчера заедно изгубиле 238,5 милијарди долари, но додека го читате овој текст, состојбите на нивните сметки веќе се сменети, зависно од ширењето на паниката од коронавирусот.

1,463

Најголемиот пад на берзата од Њујорк од 1987 година преку ноќ ги удира по џебот најбогатите луѓе на светот.

Најголеми загуби претрпел извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, јавува „Форбс“. Тој сега е посиромашен за 8 милијарди долари. „Луј Витон“ чантата на извршниот директор на француската група компании ЛВМХ, Бернар Арно, е потенка за 7,7 милијарди долари за само еден ден. Познатиот Ворен Бафет е посиромашен за 5,3 милијарди.






Богатството на нафтениот магнат Харолд Хем се преполовило на 2,4 милијарди долари и то вече не е на листата на 500 најбогати луѓе на светот според агенцијата „Блумберг“. И нафташите Џеф Хилдебранд, Леонид Федун и Вагит Алекперов од „Лукоил“изгубија пет милијарди долари.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, е „полесен“ за 5,7 милијарди долари, а милијардерот Лери Елисон за 5,6 милијарди американски долари. Индиецот Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Азија, остана без 5,8 милијарди долари.

Според пресметките на „Блумберг“, 500-те најбогати луѓе на светот вчера заедно изгубиле 238,5 милијарди долари. Сето тоа е последица на корона-вирусот.

Состојбата на сметките на најбогатите се менува од ден на ден, како што се менува и состојбата со ширењето на вирусот. Така што наведените бројки веќе се менуваат додека го читате овој текст.

Поврзани содржини