НАФТАТА ОТИДЕ НАД 94 ДОЛАРИ ПО НОВАТА ЕСКАЛАЦИЈА МЕЃУ САД И ИРАН Дополнителен притисок се заканите за затворање на протокот Баб ел Мандеб

Продолжувањето на борбите ги намали очекувањата дека наскоро може да биде постигнат нов прекин на огнот.

28

Цената на нафтата „брент“ во утринското тргување надмина 94 долари за барел, откако новата ескалација меѓу САД и Иран ги засили стравувањата од нарушување на снабдувањето од Блискиот Исток.

Денеска  „брент“ поскапе за речиси четири проценти и достигна 94,66 долари за барел, додека американската нафта WTI се тргуваше по 87,79 долари, со раст од над 4% и  останаа на највисокото ниво во последните шест недели.






Поскапувањето следува по новите американски воздушни напади врз Иран и иранските напади врз американски цели во регионот. Продолжувањето на борбите ги намали очекувањата дека наскоро може да биде постигнат нов прекин на огнот.

Нафтените пазари особено внимателно ја следат состојбата во Ормускиот Теснец, низ кој пред војната поминуваше околу една петтина од светското снабдување со нафта. Секое подолго ограничување на пловидбата може дополнително да ги зголеми транспортните трошоци и цените на енергенсите.

Дополнителен притисок создаде заканата на јеменските Хути дека ќе ги напаѓаат танкерите што превезуваат саудиска нафта и ќе го блокираат поморскиот сообраќај низ Баб ел Мандеб. Неколку танкери на пат кон Кина и Индија веќе ја промениле маршрутата поради безбедносните ризици.

Растот на цената беше ограничен од информациите за зголемени резерви на сурова нафта и дестилати во САД. Пазарите истовремено стравуваат дека поскапата енергија може да ја засили инфлацијата, да ги одложи очекуваните намалувања на каматните стапки и да ја забави светската економија.

Европските фјучерси за природен гас за август се тргуваа по околу 59,8 евра за мегават-час, додека растот на цените на нафтата внесе дополнителна неизвесност и на европските и американските берзи.

Поврзани содржини