🎥 ЛЕЈДИ ГАГА ИМА ДВА СВРШЕНИЧКИ ПРСТЕНИ Едниот е направен од трева, другиот вреди 2 милиони долари

180

Пејачката Лејди Гага неодамна се појави во емисијата на Хауард Стерн. Гага во емисијата открила дека нема еден, туку два свршенички прстени. И не само тоа, туку дека нејзиното момче Мајкл Полански прво ја запросило со парче трева.

Тревата е заштитена со смола за да може да се носи како прстен. Вториот прстен е нешто потрадиционален дијамантски прстен вреден два милиони долари, пишува „Пејџ сикс“.






„И двата прстени ги сакам подеднакво. Но, тревата, не можеш да замениш нешто со такво значење“, истакнала Гага, која често ги носи двата прстени истовремено.

Пејачката и претходно зборуваше за прстенот од трева, присетувајќи се на разговорот со Полански пред тој да ја запроси на 1 април минатата година.

– Тој ми рече: „Ако некогаш те запросам, како да го направам тоа?“. „Ох, само земи парче трева од дворот и врзи ми го околу прстот“. И тој го направи тоа. Токму тоа го направи кога ме праша да се омажам за него – изјавила таа претходно за „Е!Њуз“.

Да потсетиме, Лејди Гага и Полански ја започнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирусот. Својата врска, па дури и свршувачката ја чуваа во целосна тајна до Филмскиот фестивал во Венеција. Таму прошетаа по црвениот тепих држејќи се за рака, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот свршенички прстен.

Кон крајот на минатата година, Гага во емисијата на Џими Кимел изјави дека таа и Мајкл имале неколку идеи за нивната венчавка: „Всушност зборуваме да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, познавајќи ме мене, тоа би можело да стане како циркус со еднорози“.

Поврзани содржини