ЛАЖЕН ЛЕКАР ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПРИТВОР ВО СРБИЈА Тројца врањанци наседнале на старата измама
Полицијата во Врање уапси 56-годишен државјанин на Македонија осомничен дека измамил тројца граѓани. Според истрагата, телефонски им кажувал дека нивни блиски се тешко повредени, а потоа зел големи суми пари.
Лажен лекар од Македонија е уапсен и е во днодневен притвор во Врање под сомнение дека измамил тројца граѓани.
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од 4 до 13 јуни 56-годишниот С.К. им се јавувал на граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони и ги убедувал дека нивни блиски се тешко повредени и дека итно им се потребни пари.
По телефонските разговори, како што се сомневаат истражителите, одел на адресите на оштетените и од нив земал големи суми пари.
Апсењето, според српското МВР, било извршено во соработка меѓу полицијата во Врање и Регионалниот центар на граничната полиција.