СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО КАНАЛ ЗА ВОДА НА ШАР ПЛАНИНА И ПОЧИНАЛ Загина вработен во гостиварски Комуналец
Тој со колеги дошол да го исчиста местото каде што имало канали за прибирање проточни води, при што се заглавил во еден од каналите, соопшти полицијата.
Вработен во гостиварското комунално претпријатие починал откако заглавил во еден од каналите за прибирање вода на Шар Планина во атарот на селото Горно Јеловце.
Според полицијата трагичниот настан дека во канал кај Горно Јеловце има починато лице е пријавен вчера околу 13 часот. Полициски службеници излегле на терен и констатирале дека се работи за Н.М.(64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар.
– Според пријавеното, тој со колеги дошол да го исчиста местото каде што имало канали за прибирање проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. Откако бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт – вели Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.