КРУНАТА НЕ ГО СПАСИ СИНОТ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА Доби 4 години затвор по обвиненијата за силувања
Мариус Борг Хоиби, син на принцезата Мете-Марит, е прогласен за виновен за 2 силувања. Судот во Осло го ослободи од уште 2 обвиненија, но го осуди и за повеќе други кривични дела.
Мариус Борг Хоиби, синот на норвешката принцеза Мете-Марит, е осуден на 4 години затвор откако судот во Осло го прогласи за виновен за 2 силувања.
Хоиби, кој има 29 години, не присуствувал лично на изрекувањето на пресудата. Во судницата се вклучил преку видео врска.
Трочлен судски совет го прогласил за виновен по 2 точки од обвинението. Истовремено бил ослободен од уште 2 обвиненија за силување.
Обвинителството за време на судењето побарало казна од 7 години и 7 месеци затвор. Неговите адвокати, пак, барале значително поблага казна од 18 месеци и најавиле можност за жалба.
Обвинувањата се однесуваат на периодот од 2018 до ноември 2024 година. Еден од случаите, според обвинението, се случил во официјалната резиденција на кралското семејство на имотот Скаугум.
Единствената жртва која јавно може да биде именувана е инфлуенсерката Нора Хаукланд, неговата поранешна девојка. Нејзините обвинувања за физичко насилство биле дел од судската постапка.