КРИЗАТА СО МИГРАНТИТЕ ОД МАРОКО ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА Најмалку 18 се удавија во близина на шпанската енклава
Обиди за преминување имало и на други делови од границата, а шпанските безбедносни служби распоредиле дополнителни полициски и воени единици. Повремено доаѓа до судири со безбедносните сили, вклучително и фрлање камења, а во близина на граничниот премин бил запален автобус.
Најмалку 18 лица загинаа во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, каде илјадници мигранти и натаму се обидуваат по морски пат да преминат на шпанска територија и покрај засилениот надзор на мароканските безбедносни сили.
Мароко во последните часови ги засили контролите на патиштата, железничките станици и во пограничниот регион, со цел да го намали приливот луѓе кон северниот дел на земјата. Сепак, илјадници лица, главно млади лица, и натаму се собираат во близина на градот Фнидек и се обидуваат да ја преминат границата.
Повремено доаѓа до судири со безбедносните сили, вклучително и фрлање камења, а во близина на граничниот премин бил запален автобус. Во тој инцидент нема повредени.
Што е однесува на крајбрежниот дел, мароканските сили не успеале да го спречат постојаниот прилив луѓе кои пливајќи ја заобиколуваат жичаната ограда кон граничниот ѕид во Сеута.
Кризата се прошири и кон другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелилја, каде поради обиди за илегални влегувања е затворен граничниот премин „Бени Ензар“. Обиди за преминување имало и на други делови од границата, а шпанските безбедносни служби распоредиле дополнителни полициски и воени единици.
Шпанија и Мароко договориле забрзано враќање на лицата кои илегално влегле на шпанска територија, но договорот засега не го намалува притисокот врз границата.
Жителите на пограничниот регион велат дека меѓу младите се проширила гласина оти Шпанија ја отворила границата за влез без документи, што дополнително го поттикнало пристигнувањето луѓе кон Сеута. Многумина во текот на ноќта купувале гумени душеци и друга опрема за пливање во обид да стигнат до шпанската територија.

Мароканските власти не објавиле официјални податоци за бројот обиди за преминување на границата, ниту за бројот загинати. Локалните медиуми проценуваат дека кризата би можела да ја надмине онаа од 2021 година, кога во Сеута влегоа околу десет илјади мигранти.
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, заедно со министерот за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, денеска ќе ја посетат Сеута, за на лице место да се процени ситуацијата и координираат идните активности.
Претседателот на Сеута, Хуан Хесус Вивас, повторно го повика Мадрид да прогласи национална вонредна состојба, оценувајќи го како „недеволен“ досегашниот одговор на централната власт.
INSANE FOOTAGE: Thousands of migrants continue crossing from Morocco into Spain’s Ceuta enclave, as local officials reportedly urge Madrid to declare a national emergency. pic.twitter.com/dlbbKOjBV1
— Breaking911 (@Breaking911) July 30, 2026