КРАЛСКИ ПИТОН ПРОНАЈДЕН ВО ШКОЛСКИ ДВОР ВО БЕЛГРАД Кога сфатиле дека е младенче, се исплашиле да не е и мајката во близина

Управата на училиштето брзо реагирала и ги повикала властите кои ја однеле змијата.

2

Кралски питон е пронајден во дворот на основно училиште во Нов Белград, пишува српски Телеграф.

Го пронашол човек кој го чистел дворот. Питонот бил згрчен и доста исплашен и им шиштел на сите што се обиделе да го земат.






Управата на училиштето брзо реагирала и ги повикала властите кои ја однеле змијата. Се испоставило дека е младенче, долго околу 40 сантиметри, па се јавил страв дека неговата мајка е некаде во близина.

Сепак, според неофицијални информации, еден човек се јавил и потврдил дека питонот е негов и дека му паднал од ранецот.

Топчестиот питон или кралски питон е една од најпопуларните змии за домашни миленици поради неговата нежна природа и релативно лесното чување. Потекнува од Западна и Централна Африка. Припаѓа на помалите питони, а возрасните единки обично достигнуваат должина помеѓу 1,2 и 1,5 метар, при што женките генерално се поголеми од мажјаците.

Тие се многу мирни и ретко покажуваат агресија, што ги прави идеални за почетници во тераристиката. Го добиле своето име од нивната специфична одбранбена реакција – кога се исплашени или се чувствуваат загрозени, се свиткуваат во цврста топка и ја кријат главата во средината.

Поврзани содржини