КОВАЧЕВСКИ ПОДМОЛНО ГО НАПАДНА ПРВИОТ СИНДИКАЛЕЦ „Контролата на летање стана семејна фирма, еве да тргнеме од тоа кој му е татко на Тасевски“

Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат, или воопшто не доаѓаат на работа – вели Тасевски за Плусинфо.

1,877

Контролата на летање е претворена во семејна фирма, зашто таму се вработени родини и до трето колено, така што се јавуваат проблеми што се јавуваат приватно меѓу роднини – рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, обидувајќи се да ги објасни последните скандалозни настани во Македонска навигација, каде група од 8 партиски насилници недозволено упаднаа во просториите на навигацијата каде истепаа еден од контролорите на летање.

Како пример на вработени со роднински врски, случајно или не, Ковачевски го издвои токму претседателот на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски, чиј татко бил вработен во македонската контрола на летање, поточно бил еден од основачите на македонската контрола на летање, која по замунувањето на ЈНА броела само 15 луѓе.






– Со таа институција треба посериозно да се позанимава не само Владата туку и Еуроконтрол. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено вработувања од исто семејство. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација за да некои од нив се случајни – рече Ковачевски.

Со тоа Ковачевски се надвоврза и ја промовираше „одбраната“ на сега разрешениот директор на М-НАВ Фахрудин Хамиди, кој се обиде во ист стил да го дискредитира штрајкот на контролорите на летови.

Првиот синдикалец Тасевски, кога ја соопшти најаваа за штрајк, беше повикан на „службен разговор во полициска станица, а владата повика инспекција да влезе во М-НАВ, и меѓудругото да ја изврши надзор врз работата на Синдикатот. На прашање дали тоа не е притисок врз Синдикатот, Ковачевски одговори одречно.

– Ќе има инспекциски надзори на синдикатите од Трудовиот инспекторат. Ова не е притисок врз синдикатите, бидејќи законска можност е да се врши надзор врз синдикатите, дали излегуваат од своите надлежности. Тоа е законска одредба која не значи притисок – додава Ковачевски.

Претседателот на синдикатот Александар Тасевски, со кого Плусинфо стапи во контакт, вели дека, наместо за роднинските врски, Ковачевски треба повеќе да се заинтерсира за партиските вработувања во М-НАВ.

– Никому не треба да му пречат нечии роднински врски, ако некој професионално си ја врши работата, ако ги поминал соодветните селекции и обуки. Така, не верувам дека некој можел да се пожали на мојата професионална работа сиве овие години. Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата – вели Тасевски за Плусинфо.

Претседателот на синдикатот вели дека еден од тие што воопшто не доаѓаат на работа, или барем тој никогаш не го видел, е токму Беќим Незири, кој упадна во контролата и таму со партиски насилници истепа еден од контролорите.

Парадоксот да биде поголем, за напаѓачите не се изречени мерки притвор или домашен притвор, а Незири „ако сака“ може да се појавува на работното место „советник“ на директорот на контрола на летање. Според она што досега е познато од судската одлука, не е изречена суспензија за Незири од работното место.

Според Тасевски, по смената на директорите во М-НАВ, откако ќе се изврши промопредавање на должностите, ќе треба да се одлучи каква ќе биде иднината на Незири во М-НАВ. Идните директори треба да покренат дисциплинска постапка за Незири и да се одлучи дали тој ќе остане на работното место.

На денешната прес конференција премиерот Ковачевски одговараше на прашање за изборот на новиот кандидат за директор на М-НАВ Хекуран Асани, за кого се појавија информација дека е внук на Али Ахмети. Ковачевски рече дека не можа да ги потврди или негира овие информации. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека ја знае само неговата професионална биографија и дека работел во М-НАВ веќе 25 години како контролор на летање.

На прашање како тоа владата прво го предложи Илир Мехмеди од АЦВП за нов директор на М-НАВ, а по само еден час се предомисли, Ковачевски рече дека „отпосле станало јасно“ дека кандидатот, според правилата на Еурокотрол, морало да биде контролор на летање, но Мемети тоа не го исполнувал.

– Јас гледав многу информации кои одеа во медиумите. Ние во владата немаме ниту еден кој е контролор на летање. Имаше повеќе кандидати кои беа предложени и разгледувани од страна на Владата. И врз основа на тоа двајца кандидати беа изсвоени. Меѓутоа се виде дека според статутот мора да биде контролор на летање. Од сите кандидати, кандидатот кој е избран беше оценет како квалитетен – додаде Ковачевски.

 

Поврзани содржини