КАЈ ТАТКО И СИН ПРОНАЈДЕНИ 5 КИЛОГРААМИ МАРИХУАНА, КАЈ ДРУГ СКОПЈАНЕЦ „АРСЕНАЛ“ ОД ДРОГА Обвинителство бара притввор за 4 четворица осомничени дилери
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведат истражни постапки против 4 лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога.
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведат истражни постапки против 4 лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога.
„Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 и 19 години, кои во домот на улицата Македонско-косовска бригада заеднички држеле околу 5 килограми марихуана, спакувани во повеќе ќеси и наменети за натамошна продажба. При претресот во нивниот дом полицијата пронашла и 3 дигитални ваги со траги од дрога“, соопшти Јавното обвинителство.
Истрага е поведена и против 25-годишник од Арачиново кој неовластено заради продажба држел околу 1,8 килограми марихуана спакувана во десет пакувања и една дигитална вага, кои му биле пронајдени при претрес.
„За истото кривично дело, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, осомничен е и 23-годишен жител на Аеродром, кој во напуштена подрумска просторија на булеварот АСНОМ заради продажба неовластено држел 640 грама психотропна супстанција амфетамин, 541 жолти таблети, како и 0,15 грама жолта грутчеста материја која претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин. Кај него биле пронајдени и 69 перфорирани жолти картончиња со присуство на ЛСД, како и дигитални ваги и други предмети на кои имало остатоци од психотропни супстанции, кокаин и канабис“, соопшти ЈО.
За сите четворица осомничени јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд.