ГОЛЕМА КОЛИЧИНА КОКАИН КРИЕЛЕ ПОД ПЛИШАНО МЕЧЕ Претрес во скопското село Брест
С.Б. е приведен во Полициска станица Гази Баба и против него ќе биде покрената кривична пријава, информира МВР.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска извршија претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од село Брест, скопско.
При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. С.Б. е уапсен и приведен во Полициска станица Гази Баба и против него ќе биде покрената кривична пријава, информира МВР.