ОЧЕКУВАЈТЕ ОБИЛЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТАР СО БРЗИНА ДО 60 КМ/ЧАС Од вторник постабилно и потопло време

Во делови од Скопската Котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.

1

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта од недела кон понеделник ќе има врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Пообилни врнежи ќе име и во понеделник, до 30 л/м2 локално, кога ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.






Во Полошкиот регион, во источните и североисточните делови ќе дува засилен дос илен ветар кој наместа ќе достигнува брзина од 60 километри на час.

Од вторник селдува период на претежно стабилно и потопло време.

Во Скопје, в понеделник ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Потоа времеето ќе биде претежно стабилно и топло.

Поврзани содржини