ФЕЈК • НЕ ГИ ЗАКОПАЛЕ ЖИВИ, ТУКУ… Виралното видео од Индија е само снимање филмска сцена

0

Видео кое деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи со тврдење дека прикажува вљубен пар кој доброволно се закопува жив, всушност е лажна вест. Снимката предизвика милиони прегледи и бројни емотивни реакции, но независните проверувачи на факти утврдија дека не станува збор за вистински настан.

Во објавите се тврдеше дека маж и жена од Индија, држејќи се за раце, решиле да бидат закопани живи како „симбол на вечната љубов“. Видеото прикажува багер како истура земја врз двојката, што кај многумина создаде впечаток дека присуствуваат на трагичен настан.






Сепак, фактчекерите открија дека снимката е кадар „зад сцената“ од снимање на филм или кратко драмско видео. На оригиналната објава јасно се гледа описот „shooting time mein kya zabardast seen hai“, што во превод значи „колку е одлична сцената за време на снимањето“. Токму тој опис покажува дека се работи за режирана сцена, а не за вистинско закопување.

Случајот е уште еден пример колку лесно драматични видеа можат да бидат извадени од контекст и претставени како реални настани. Проверувачите на факти апелираат корисниците да не споделуваат вакви содржини без претходна проверка на изворот, бидејќи сензационалните тврдења често се темелат на манипулација со автентични, но погрешно претставени снимки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rikošet emisija (@rikosetemisija)

Поврзани содржини