АНКЕТА ПОКАЖА ДЕКА ВЛЕН Е ПРВА ПОЛИТИЧКА СИЛА КАЈ АЛБАНЦИТЕ Празната реторика веќе не поминува, довербата се гради со дела

Партијата ВЛЕН соопшти дека втора анкета во изминатите два месеци го позиционира ВЛЕН, за кој би гласале 34% од испитаниците, пред ДУИ, за која би гласале 30%.

1

Последната анкета спроведена во јуни од Институтот за истражување „Стратум Р&Д” потврдува дека ВЛЕН е прва политичка сила кај Албанците, соопшти партијата.

На прашањето: „Доколку денеска се одржат избори, за која политичка партија би гласале?”, 34% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВЛЕН, додека 30% за ДУИ.






„Ова е втора анкета во изминатите два месеци која го позиционира ВЛЕН пред ДУИ. Резултатите од ова истражување се јасен показател дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу политика на конкретни резултати и политика на пропаганда“, соопшти ВЛЕН.

Две години конкретна работа беа доволни за да се покаже дека Албанците повеќе не се убедуваат со празна реторика и дека довербата се гради со дела, а не со зборови, се додава во соопштението.

„Законот за правична и соодветна застапеност, Законот за игрите на среќа, Законот за медресата, Законот за правосудството и Законот за високото образование; повеќе од 40 стручни испити на албански јазик; One Stop Shop услугите на граничните премини со Косово и Албанија; 306 проекти за општините со албанско население; над 2.500 нови бизниси, илјадници нови вработувања и унапредувања; започнувањето на изградбата на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“; инвестицијата од 20 милиони евра за третата фаза од плоштадот „Скендербег“; реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово во вредност од 74 милиони евра; изградбата на автопатот Скопје–Блаце и на Коридорот 8; зголемувањето на платите и пензиите се факти кои не можат да бидат сокриени со прес-конференции, дезинформации или политичка пропаганда. ВЛЕН им се заблагодарува на секој граѓанин за довербата и поддршката“, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Поврзани содржини