СУДИЈАТА СЛАВКО ВИНЧИЌ ГО ЗАКАЧИ СВИРЧЕТО „Сребрената лисица“ ја заврши својата судиска кариера на 46 години

Според официјалната потврда на Фудбалскиот сојуз на Словенија, на 46-годишна возраст, Винчиќ официјално го закачил свирчето и со тоа ја завршил својата судиска мисија.

0

Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој го судеше финалето на Светското првенство, се пензионираше од фудбалот на 46-годишна возраст.

Одлуката доаѓа само седум дена по неговиот историски настап на најголемата светска фудбалска сцена. Според официјалната потврда на Фудбалскиот сојуз на Словенија, на 46-годишна возраст, Винчиќ официјално го закачил свирчето и со тоа ја завршил својата судиска мисија.






Неговата одлука за пензионирање дојде веднаш откако му беше укажана извонредна чест – тој беше главен судија на финалето на Светското првенство. На овој начин, Винчиќ стана дел од елитните судии кои имаа можност да ги судат најважните натпревари во светот. Многумина веруваат дека финалето на Светското првенство било врвот на неговата кариера, па затоа логично решил да ја заврши кариерата на тоа ниво.

Го доби прекарот „Сребрена лисица“

Женската публика веднаш му го додели ласкавиот епитет „Silver Fox“ (Сребрена лисица), алудирајќи на неговата побелена коса, одлична физичка подготвеност и елеганција со која менаџираше со некои од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.

Дека Винчиќ целосно ги излуде жените ширум светот, најдобро покажуваат илјадниците коментари под неговите видеа кои за само неколку часа собраа милионски прегледи:

„Не ме интересира кој ќе победи, само кажете ми како се вика судијава и каде можам да најдам негов Инстаграм?!“ – пишува една навивачка на мрежата X.

МОЖЕ ДА МИ ДАДЕ КАКОВ САКА КАРТОН Жените полудеа по „Сребрената лисица“ Славко Винчиќ

 

ЌЕ ЗАРАБОТИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО Еве колку ќе инкасира судијата Славко Винчиќ за финалето на Мундијалот

Поврзани содржини