ЖЕНА НА 61 И МАЖ НА 71 ГОДИНА СТАНАА РОДИТЕЛИ Средовечниот пар доби здраво машко бебе

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг за првпат станаа родители, по успешно спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“ во Штип.

39

Жена на 61 година и нејзиниот сопруг кој има веќе 71 година за првпат се оствариле како родители благодарение на ин-витро постапка спроведена во болницата „Д-р Органџиски“ во Штип.

Од болницата случајот го оценуваат како историски успех, со оглед на возраста на родителите, како и поради сложеноста на медицинската постапка што ѝ претходела на бременоста.






Имено, на ин витро постапката и успешната бременост ѝ претходела интервенција кај 61-годишната жена, односно, била извршена хистероскопска реконструкција на матката. Во постапката биле користени и донирани јајце-клетки.

По спроведената медицинска процедура и успешната бременост, двојката добила здраво машко дете, а од болницата информираат дека мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

– Пациентката и нејзиниот сопруг, кој е Шпанец живеат и работат во Швајцарија, а породувањето беше извршено со царски рез во Цирих.

Ова е втор исклучителен успех на болница „Д-р Органџиски“ кај пациентка во оваа возрасна група, по раѓањето на здраво дете кај наша 60-годишна пациентка во 2024 година.

Зад овој резултат стојат повеќе од три децении надеж и неостварена желба за сопствено дете, но и огромно медицинско знаење, искуство, трпение, прецизност и посветеност во секој чекор од лекувањето – велат од болницата.

Поврзани содржини