САД СНЕМУВААТ МУНИЦИЈА, ТРАМП ГИ ЗАПРЕ НАПАДИТЕ! Иран го стори истото: „Нашите напади се одмазнички“
Во текот на изминатите две ноќи, Американците ги прекинаа своите напади. Бидејќи нашата стратегија главно се базира на одмазда, ние исто така ги прекинавме нашите операции - рече армисикиот портпарол Мохамад Акрамијан.
Иран престана да ги напаѓа своите соседи од Персискиот Залив откако САД го прекинаа бомбардирањето на иранската територија, соопшти денеска иранската војска, нагласувајќи дека стратегијата на Техеран се базира на „одмаздничка акција“.
– Во текот на изминатите две ноќи, Американците ги прекинаа своите напади. Бидејќи нашата стратегија главно се базира на одмазда, ние исто така ги прекинавме нашите операции – рече армисикиот портпарол Мохамад Акрамијан во интервју за државната телевизија.
Изминатата ноќ не беа пријавени американски бомбардирања во Иран. Тоа беше втора ноќ по ред на затишје во непријателствата.
Дел од американските медиуми објавија дека причина за прекинот на нападите е можен недостиг на муниција по речиси пет месеци војна.
„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два извора запознаени со ова прашање, објави дека американската влада е загрижена за намалувањето на залихите на пресретнувачи на ракети „Патриот“ и друга одбранбена опрема што ги штити регионалните сојузници на САД, кои Иран ги нападна како одговор на американските напади.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана, исто така објави дека воените операции против Иран се „паузирани“, наведувајќи ги истите причини.
„Њујорк тајмс“ пишува дека американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина плановите за значајно проширување на воените операции против Иран поради загриженоста околу намалувањето на резервите на американски проектили за противвоздушна одбрана.
Според американскиот весник, одлуката е донесена по состанокот што го одржал Трамп во петокот, со високите советници и членови на администрацијата, како и со потпретседателот Џеј Ди Венс.
Воените функционери предупредија дека продолжувањето на големите борбени операции би можело сериозно да ги исцрпи резервите од пресретнувачи за системите „Патриот“ и друга муниција потребна за заштита на американските војници и бази на Блискиот Исток.
Администрацијата на американскиот претседател, исто така, стравува дека дополнителна ескалација би можела да предизвика посилен одговор на Иран, да ги оддалечи сојузниците во земјите на Заливот како и да ги влоши глобалните енергетски и бегалски кризи, се наведува во „Њујорк тајмс“.
Одлуката на Трамп доаѓа по повеќенеделните воени судири и дипломатски напори на посредниците да пронајдат пат кон деескалација.