ПРОНАЈДЕН ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕП КАЈ СТРУШКО ЛАБУНИШТА Се испитува дали припаѓал на убиен човек
Покрај черепот биле пронајдени и други предмети, кои веројатно му припаѓале на покојникот.
На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети, информира СВР Охрид.
Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, се вели во информацијата.