📷 БАЛЕРИНА И ПРАТЕНИК, НОВ ПАР НА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНА СЦЕНА Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ ја обелоденија љубовната врска

Девојката која пред неколку години стана позната на социјалните мрежи објавувајќи содржини за балет, балетски техники и секојдневни видеа од својот живот и пратеникот од Левица, на своите профили на Инстаграм објавија фотографии од нивното заедничко искачување на врвот Плат, Шар Планина

1

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кој на последните избори беше кандидат за градоначалник на Скопје и балерината Стефанија Гаштарска која пред неколку години стана позната на социјалните мрежи објавувајќи содржини за балет, балетски техники и секојдневни видеа од својот живот, истовремено на своите профили на Инстаграм споделија заеднички фотографии.

Двојката била на заедничко планинарење и се искачила на врвот Плат, на Шар Планина, а на фотографиите, освен планински предели, чисто небо и прекрасни кадри од Шар Планина, се гледаат и нивните насмеани лица додека прегрнати уживаат во денот и во нивната љубовна врска.






Мециновиќ, покрај политичкиот ангажман, е познат и како голем вљубеник во природата и планинарењето. На неговиот профил на Инстаграм веќе подолго време може да се забележат фотографии од различни планинарски авантури, а честопати апелира и за поголема грижа, заштита и зачувување на планините и природните убавини.

Иако досега својот приватен живот го чуваа подалеку од јавноста, со овие фотографии Стефанија и Амар решија да ја обелоденат својата љубов.

 

Поврзани содржини