ПОТРЕСНА СЦЕНА ВО СРБИЈА, ВОЗ СМАЧКА КОЛА, ЗАГИНАА МЛАДА МАЈКА И НЕЈЗИНОТО ТРИГОДИШНО ДЕТЕ Спасувачите мораа да го сечат лимот за да ги извадат!

Сцените од местото на несреќата покажуваат дека по ударот возот го туркал автомобилот речиси 200 метри по пругата, а дел од распарчениот автомобил останал заглавен под самата локомотива.

0

Стравична сообраќајна несреќа се случила утрово околу 9 часот на железнички премин на пругата Лалиќ–Оџаци, во Србија, кога патнички воз удрил во автомобил во кој се наоѓале млада мајка (27) и нејзиниот тригодишен син.

Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен – предниот дел бил откорнат, а покривот целосно згмечен. Сцените од местото на несреќата покажуваат дека по ударот возот го туркал автомобилот речиси 200 метри по пругата, а дел од распарчениот автомобил останал заглавен под самата локомотива.






Припадниците на противпожарната и спасувачката единица морале да користат специјална хидраулична опрема и да го сечат лимот од возилото за да стигнат до повредените.

– Сцените се навистина вознемирувачки. Делови од автомобилот и лични предмети се расфрлани на стотици метри долж пругата. Меѓу жителите кои пристигнуваат на местото владеат тага и неверување – јавува репортерот на „Телеграф“ од местото на несреќата.

На местото на трагедијата се голем број полициски екипи, пожарникари и надлежниот обвинител кој раководи со увидот. Иако железничкиот премин има рампа и сообраќајна сигнализација, деталната истрага треба да утврди како автомобилот се нашол на шините во моментот кога наишол возот.

Поврзани содржини