📷 ИЗРАЕЛ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА СМРТТА НА ДЕВОЈЧЕТО ОД ГАЗА Вашингтон бара итна истрага
6-годишното палестинско девојче Хинд Раџаб, чии врисоци и повици за помош ги слушна цел свет, беше пронајдено мртво, а во нападот на израелските сили убиени се и болничарите кои се обиделе да ја спасат.
Срцепарателната смрт на Хинд Раџаб, 6-годишно девојче од Газа, кое претходно молеше за помош го потресе светот. САД побараа од израелските власти да спроведат итна истрага за случајот.
– Имаше илјадници други деца кои загинаа како резултат на овој конфликт. Побаравме од израелските власти да го истражат тој инцидент на итна основа – изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Шестгодишното палестинско девојче, чии врисоци и повици за помош ги слушна цел свет, беше пронајдено мртво. До неа беа пронајдени телата на нејзини роднини, како и болничарите кои се обиделе да ја спасат, јави Би-би-си.
На 29 јануари, Хинд Раџаб бегала од градот Газа со нејзината тетка, вујко и тројца братучеди, кога автомобилот во кој се наоѓале бил погоден од тенк и според аудио снимката од разговорот меѓу девојчето и операторот на итната помош, шестгодишното девојче единствено го преживеало нападот. Во моментот на повикот таа се криела меѓу телата на убиените роднини.
Нејзиниот повик за помош бил прекинат со истрели од огнено оружје, кои се слушаат на видеото што го објави Црвената полумесечина. Лекарскиот тим на палестинската Црвена полумесечина во саботата успеал да стигне до местото кое дотогаш било затворено како активна борбена зона, каде што бил автомобилот со девојчето.
In a devastating ending Palestine Red Crescent team members Yusuf Zeino and Ahmed Al-Madhoun were killed in their ambulance on their approved mission to rescue 6-year-old Hind.
PRCS mourns their loss and we demand justice for their senseless killing. Once again instead of the… pic.twitter.com/aKsEQydCer— PRCS (@PalestineRCS) February 10, 2024
Автомобилот во кој се наоѓало семејството бил целосно уништен, а од едната страна бил изрешетан со куршуми.
Девојчето Хинд е меѓу шесте тела пронајдени во автомобилот, сите со прострелни рани и повреди од гранатирање. На неколку метри е пронајдено уште едно уништено возило, целосно изгорено. Според Црвената полумесечина станува збор за амбулантно возило што било испратено да ја земе Хинд. Во гранатирањето на брзата помош загинале и двајцата членови на медицинскиот тим, соопшти Црвената полумесечина, пренесе Би-би-си.
Црвената полумесечина ги обвини израелските сили дека намерно гаѓале амбулантни возила.
војна во израел, Хинд Раџаб, девојче од Газа, смрт, израелски сили, истрага