📽 ИЗРАЕЛ НАПАДНА БОЛНИЦА ВО ГАЗА Убиен е висок лидер на Хамас, повредени се пациенти и лекари

Израелската војска објави дека погодила клучен оперативен центар на Хамас што се наоѓал во кругот на болницата и дека била користена прецизна муниција за да се ограничи штетата. Министерството за здравство, водено од Хамас, соопшти дека во нападот биле повредени повеќе луѓе, вклучувајќи лекарски персонал.

118

Израел изведе воздушен напад врз болница во Газа, убивајќи висок функционер на Хамас и негов соработник. Во нападот врз главната болница во градот Хан Јунис загина Исмаил Бархум, шефот за финансиски прашања на Хамас, објави Ал Џезеира.

Тој се лекувал во болницата откако бил повреден во воздушен напад 4 дена претходно. Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, потврди дека Бархум бил цел на нападот.






Израелската војска објави дека погодила клучен оперативен центар на Хамас што се наоѓал во кругот на болницата и дека била користена прецизна муниција за да се ограничи штетата. Министерството за здравство, водено од Хамас, соопшти дека во нападот биле повредени повеќе луѓе, вклучувајќи лекарски персонал.

Израел постојано го обвинува Хамас дека користи болници за свои воени цели и дека во нив сместува командни центри.

Бархум е четвртиот член на политичкото биро на Хамас кој е убиен откако Израел одново почна со воздушни напади врз Газа пред 1 недела, со што го прекина двомесечното примирје.

Поврзани содржини