🎥 ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛ КАЈ СТРУМИЧКО БАНСКО Пожарникарите не успеале да го спасат возилото

Во информацијата од струмичките пожарникари се наведува дека е причинета значителна материјална штета. 

387

Денеска во 10:45 часот во близина на село Банско, Струмичко, изгоре автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.

Во гаснење на запалениот автомобил учествувале тројца пожарникари и едно противпожарно возило. Пожарот во моментот на пристигнувањето на пожарникарите бил во разгорена фаза и за кратко време бил локализиран и изгаснат.






Во информацијата од струмичките пожарникари се наведува дека е причинета значителна материјална штета.

Поврзани содржини