ИРАН ГО ОТВОРИ ВОЗСУШНИОТ ПРОСТОР Првите авиони полетаа за Медина и за Истанбул

И покрај отворањето, европските авиокомпании продолжуваат да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради неизвесната безбедносна ситуација на Блискиот Исток и зголемената закана за цивилното воздухопловство.

0

Прв пат од почетокот на војната што ја започнаа САД и Израел пред околу два месеци, полетаа првите авиони од меѓународниот аеродром во Техеран, објавија државните медиуми.

Авионите полетаа од Меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран на линии до Истанбул, Мускат и саудискиот град Медина, објавија државната новинска агенција ИРНА и државната телевизија ИРИБ.

Медина е клучна дестинација за муслиманите кои сакаат да го извршат хаџот, годишното исламско поклонение во Мека. Иран го затвори својот воздушен простор за цивилен сообраќај откако САД и Израел започнаа напади врз земјата на 28 февруари.

Иран одговори на нападите со напади врз сојузничките држави од Персискиот Залив, што резултираше со големи прекини во глобалниот воздушен сообраќај во клучните центри, вклучувајќи ги Дубаи и Абу Даби, а западните авиокомпании направија долги заобиколувања за да го избегнат регионот.

Постепеното отворање на иранскиот воздушен простор дојде во услови на прекин на огнот, посредуван од Пакистан, кој стапи на сила на 8 април. Во понеделник, иранската воздухопловна управа одобри аеродромот Машхад на североистокот на земјата да прифаќа меѓународни летови, во обид да се намали притисокот врз аеродромот во Техеран.

И покрај отворањето, европските авиокомпании продолжуваат да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради неизвесната безбедносна ситуација на Блискиот Исток и зголемената закана за цивилното воздухопловство.

Поврзани содржини