АЛКАРАЗ МОЖЕ ДА ОТСУСТУВА И ПОВЕЌЕ ОД 6 МЕСЕЦИ ОД ТЕРЕНОТ Учеството на Ролан Гарос е под прашалник

34

Повредата на тенисерот Карлос Алкараз воопшто не е наивна, можно е тој да остуствува и повеќе од 6 месеци од теренот.

Поради повреда на зглобот, Алкараз се повлече од турнирите во Барселона и во Мадрид, неговото учество во Рим речиси е откажано, а Ролан Гарос е исто така под знак прашалник.

Иако сè уште нема официјална дијагноза, специјалистот за повреди на рацете, д-р Марк Јувенспан, ги наведе можните сценарија.

– Нема гаранции со зглобот. Може да се поправи со терапија, но може да потрае и многу подолго од очекуваното. Може да заврши за три недели, но може да потрае и шест месеци или повеќе – рече тој.

Најголемиот проблем е непредвидливиот тек на закрепнување.

Самиот Алкараз е свесен за предвизиците и за претстојното пропуштање на турнирите.

– Во професионалниот спорт секогаш има пречки, но наша обврска е да се вратиме посилни. Овој тест пред мене е само еден во низата. Направивме првични прегледи, но мора да почекаме за вториот, кој ќе покаже како изгледа повреденото место по една недела одмор. Проценки? Во овој момент не можам ништо да кажам. Ќе видиме. Следните прегледи ќе бидат клучни. Ќе направиме сè што можеме за резултатите да бидат добри. Сега најважно е трпението, мора да бидеме навистина трпеливи. Ги чекаме тестовите за неколку дена, па ќе знаеме повеќе за состојбата со повредата. Се обидувам да останам позитивен, иако деновите делуваат многу долги. Пред мене е долга кариера и многу години врвен тенис. Форсирањето настап на Ролан Гарос може да ми наштети за идните турнири. Затоа ќе почекаме што ќе покажат тестовите бидејќи од нив зависи сè. Подобро е да се вратам малку подоцна, но целосно подготвен, отколку порано, а неспремен. Мора да внимаваме, бидејќи тениската кариера може да трае долго – изјави вториот тенисер во светот.

Поврзани содржини