БАТАЛЕТЕ ГИ КРОФНИТЕ! Со овие 7 намирници можете да го регулирате притисокот
За добро здравје и за регулирање на крвниот притисок, исфрлете ги од исхраната преработените јаглехидрати како што се на пример крофните и слични и вклучете ги следните седум намирници.
Познато е дека диетата DASH е најдобриот избор за регулирање на високиот крвен притисок. Имено, оваа диета е и осмислена токму за да им помогне на луѓето кои страдаат од хипертензија. Освен што го намалува крвниот притисок, холестеролот и штити од дијабетес, со неа може да изгубите и вишок на килограми.
Диетата DASH препорачува храна како цели зрна, зеленчук, овошје, млеко и млечни производи со малку маснотии, посно месо, живина, риба, јаткасти плодови, семки, мешунки и здрави масти. Внесувањето на натриум треба да се ограничи на помалку од 5 г на ден, а се охрабрува и потрошувачката на храна која содржи минерали калциум, магнезиум и калиум. За добро здравје исфрлете ги од исхраната преработените јаглехидрати како крофни и слично и вклучете ги следните седум намирници.