ИЗНАЈМИЛ СТАН ВО ВАЛОНА И ГО ПРЕТВОРИЛ ВО „БАЗА ЗА ДРОГА“ Македонски државјанин уапсен во Албанија

За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони, за кои постои сомневање дека се користеле во нелегалната активност.

90

Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила македонски државјанин, кој изнајмен стан претворил во „база за дрога“.

„Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања“ – се вели во полициското соопштение.

За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони, за кои постои сомневање дека се користеле во нелегалната активност.

Во акцијата уапсени се и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои исто така пред судот во Валона ќе одговараат за  кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“

Поврзани содржини