ИРАН ОДБИВА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ СО АМЕРИКАНЦИТЕ Иранската делегација е во Исламабад, но разговара само со пакистанските посредници

Преговорите се крајно неизвесни, во момент кога ситуацијата меѓу двете страни е напната - Иран го затвори теснецот Ормуз, а морнарицата на САД го блокира иранскиот извоз на нафта, додека насилствата во јуѓен Либан продолжувааат и покрај примирјето.

2

Иран ја отфрли можноста за директен состанок со американски претставници, што ги остави преговорите за завршување на конфликтот крајно неизвесни, објавува Ројтерс.

Иако американските преговарачи планираа да патуваат во Пакистан на разговори, Техеран јасно стави до знаење дека нема да има директни средби. Наместо тоа, иранските претставници имаат намера да ги пренесат своите ставови преку посредник – Пакистан.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој пристигна во Исламабад околу полноќ, се сретна со началникот на пакистанската армија Асим Мунир, а денеска треба да се сретне и со премиерот Шехбаз Шариф.

Пакистански безбедносни извори изјавија дека Арагчи дошол со одговор на американските предлози пренесени за време на тридневната посета на Мунир на Техеран минатата недела.

Специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, заедно со Џаред Кушнер, требаше да учествува во разговорите со иранскиот министер, Аракчи, но средбата е откажана.

Трамп рече дека Иран подготвува нова понуда што би можела да ги исполни барањата на САД, но не даде детали ниту прецизираше со кого точно САД водат разговори.

Ситуацијата меѓу Вашингтон и Техеран е дополнително влошена: Иран речиси го затвори Ормутскиот теснец, клучен пат низ кој минува околу една петтина од светската нафта, додека САД го блокираа извозот на енергија на Иран. Со тоа, двете страни западнаа во скап и опасен ќорсокак.

Во исто време, конфликтите на Блискиот Исток не стивнуваат. Иако примирјето меѓу Израел и Либан е продолжено, борбите во јужен Либан продолжуваат, со нови жртви и меѓусебни обвинувања.

Сето ова укажува дека изгледите за брзо дипломатско решение се уште се слаби, додека регионот останува на работ на понатамошна ескалација. Неизвесноста влијае и на пазарот на нафта, каде што цените значително се зголемија.

Поврзани содржини