ПОДНЕСЕТЕ ДДВ ПРИЈАВА НАВРЕМЕ, ПОТСЕТУВА УЈП Последниот ден од законскиот рок е 27 април
Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја, порачува Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на долгот за ДДВ долгот за даночниот период од јануари до март 2026 година.
„Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие новодоспеаниот ДДВ долг“, наведува УЈП.