СОНЧЕВО СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓаат дожд, грмежи и заладување

Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

75

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 0 степени. Најтопло ќе биде во гевгелија, со дневна температура до 20 степени Целзиусови.

 

Фото: УХМР

 

За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

 

Фото: УХМР
Поврзани содржини