ДРАМА ВО СКОПСКИ ЧАИР, ПОЛИЦАЈЦИ ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ Група луѓе се обидела да спречи апсење

Бидејќи лицата не ги почитувале наредбите, полицајците биле принудени да испукаат предупредувачки куршуми во воздух.

223

Вистинска драма се одвивала завчера попладне во скопската општина Чаир, каде тројца полициски службеници биле спречени да го приведат осомничено лице, по што биле принудени да испукат предупредувачки куршуми во воздух.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 23 април околу 18:45 часот. Полицајците вршеле службени дејствија за приведување на лице кое се бара поради сомнение за сторено кривично дело.

Во тој момент, група од околу десетина лица се вмешала и активно почнала да ги спречува полициските службеници во извршување на нивната задача. Бидејќи лицата не ги почитувале наредбите, полицајците биле принудени да испукат предупредувачки куршуми во воздух.

Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности и одговорни лица.

Поврзани содржини