ИМАМЕ ПОВИСОК РАСТ ОД ЕКОНОМИЈАТА НА ЕУ Мицкоски оцени дека унгарскиот кредит го поттикна растот на економијата

Премиерот рече дека унгарскиот кредит бил искористен за да се врати еврообврзница од половина милијарда евра, додека пак 250 милиони биле инвестирани во општеството и 250 милиони во стопанството преку комерцијалните банки со повластена каматна стапка од 1,95%, што претставува добар поттик во економијата и резултира со пораст на бруто-домашниот производ на земјава.

41

Премиерот Христијан Мицкоски оцени денеска дека кредитот што Владата го зеде од Унгарија бил добар двигател на економијата која расте веќе неколку квартали со 3%, што е за 2% повеќе од растот во Европската Унија.

Тој рече дека кредитот бил искористен за да се врати еврообврзница од половина милијарда евра, додека пак 250 милиони биле инвестирани во општеството и 250 милиони во стопанството преку комерцијалните банки со повластена каматна стапка од 1,95%, што претставува добар поттик во економијата и резултира со пораст на бруто-домашниот производ на земјава.






– Од третиот квартал во 2024 до првиот квартал во 2026 година заклучокот е дека македонската економија расте со 3% во реални параметри, а кај нашиот најголем партнер ЕУ порастот е 1,4% и во еврозоната 1,25%. Што значи дека во услови кога нашиот најголем трговски партнер економијата условно расте со два и пол пати помала стапка, ние благодарение на овие проактивни политики успеавме да обезбедиме значаен раст којшто нè доведе до оваа ситуација во којашто денеска сме, а во номинални услови нашата економија расте со над над 8%, што е нешто исто така многу значајно. ​И да бидам попрецизен, според Светска банка и според Меѓународен монетарен фонд, за две години оваа Влада номиналниот бруто домашен производ го зголеми за некаде отприлика 4,65 милијарди долари. Претходната Влада за 6 години го зголеми номиналниот бруто домашен производ за 4,5 милијарди долари – рече Мицкоски.

Минатата недела унгарскиот премиер Петер Маѓар најави дека унгарска влада ќе истражува дали има можна злоупотреба на државни средства во однос на кредитот од една милијарда евра што државната „Ексимбанка“ ѝ го даде на Македонија за време на претходната влада на Виктор Орбан зашто тој бил даден под многу поволни услови со каматна стапка од 3,25%.

Поврзани содржини