🎥 МЕСИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ПОРАЗОТ ОД ШПАНИЈА Со капа на главата следеше натпревар од четврта лига

0

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина Лионел Меси прв пат се појави во јавноста по поразот во финалето на Светското фудбалско првенство.

Синоќа, Меси беше на трибините на стадионот да го следи мечот на екипата на Леонес кој го води неговото семејство во градот Аројо Сецо, во близина на неговиот роден град Росарио.






Во придружба на еден од неговите синови, Меси се обиде да помине незабележано, облечен во темна јакна со качулка и капа, но неговото пристигнување брзо привлече голем број навивачи.

Облечен во црна јакна со капа на главата Меси расположено им се насмевнуваше на навивачите кои го скандираа неговото име. Клубот Леонес кој го формираше семејството на Лео се натпреварува во четвртата аргентинска лига, а претседател на клубот е братот Матијас Меси.

Поврзани содржини