📽️ ФУДБАЛЕР НАСИЛНО ИЗВЛЕЧЕН ОД ВОЗИЛО И ОГРАБЕН СРЕДЕ БЕЛ ДЕН Шокантна снимка од Белгија, репрезентативец на Гана немоќен против петмината разбојници

Репрезентативецот на Гана, Мохамед Гадафи Фусеини, бил нападнат од пет маскирани лица кои му одзеле луксузен часовник вреден до 14.000 евра, а целиот инцидент бил снимен.

80

Репрезентативецот на Гана Мохамед Гадафи Фусеини, член на Унион Сен Жилоа, бил жртва на дрзок грабеж среде бел ден, а снимката од нападот веќе се шири на социјалните мрежи.

Според белгиските медиуми, Фусеини седел во паркираниот автомобил кога му се приближила група од пет маскирани напаѓачи. Тие насилно го извлекле од возилото и веднаш се обиделе да му го одземат мобилниот телефон.






Фусеини се обидел да им се спротивстави, но немал никакви шанси против петтемина напаѓачи. За време на нападот му бил одземен и луксузен часовник, чија вредност, според проценките, изнесува меѓу 8.000 и 14.000 евра.

Додека четворица од напаѓачите физички го совладувале фудбалерот, петтиот го пребарувал неговиот автомобил во потрага по други вредни предмети.

И покрај трауматичното искуство, Фусеини веќе следниот ден им се приклучил на тренинзите на својот клуб. Од Унион Сен Жилоа соопштија дека фудбалерот не се здобил со посериозни физички повреди, но дека сè уште е видно потресен од нападот.

 

Поврзани содржини